| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Фадил Арслани, првоосомничен во акцијата „Чекан“ (ВИДЕО)

golden-620x330

фото Прес24

Полицијата вчера вечерта го уапсила Фадил Арслани, првоосомничен во акцијата „Чекан“, дознава Press24 од полициски извори. Според сѐ уште непотврдени информации, Арслани е уапсен во Гостивар.

Полицијата на 10 декември лани во акцијата „Чекан“ приведе 15 лица, а по четворица, меѓу кои беше Арслани, се трагаше. Меѓу осомничените има и адвокати и извршител од Скопје. Сите се сомничат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи.

Инаку, Арслани поседува луксузен хотел од стотици илјади евра со поглед на Мавровското Езеро, дискотеки и ноќни клубови, висококатници и други скапи недвижности, како и десетици спортски автомобили од по 100.000 евра, а полицијата се сомнева дека првиот осомничен во акцијата „Чекан“ целата своја империја ја градел со криминални активности, односно од лихва и перење пари, а засега од полицијата има сомнежи дека најмалку два милиони евра биле заработени на овој начин.
Од полицијата соопштија дека засега има докази 862.298 евра кои Арслани ги заработил преку криминални активности, а запленети се 43.510 евра, 12.080 швајцарски франци и 239.850 денари, околу 20 луксузни автомобили како, хамери, масерати, ауди и слично, од оружје 4 пиштоли без дозволи, ловечка пушка, куршуми, нож, боксирач, три рамки за пиштол, седум мобилни, 11 сим-картички, договори и предмети поврзани со оштетени лица како и договори за заем на парични средства.

Арслани тогаш преку медиумите на албанското малцинство во Македонија се бранеше дека не е криминалец туку дека добро заработувал.

– Не се занимавам со нелегални работи. Работам во Швајцарија и имам месечна пензија од 5.000 швајцарски франци. Добив надомест од 300.000 франци од Швајцарија и со нив можам да градам куќи и да купувам автомобили секоја година – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top