Актуелните градоначалници на Битола и на Прилеп, Владимир Талевски и Марјан Ристевски водат убедливо пред Менде Диневски и Харки Локвенец, во пресрет на локалните избори закажани за 24 мрат. Ова го покажа анкетата на институтот „Павел Шатев“, која се спровела од 4 до 15 март, а во која биле опфатени меѓу 600 и 1.000 испитанци. Талевски и Ристевски се кандидати на владејачката коалција предовдена од ВМРО ДМПНЕ, а Диневски и Локвенец се од опозијцата предовдена од СДСМ.
Според анкетата, актуелниот битолски градоначалник Талески има убедливо водство пред неговиот конкурент Диневски. Вкупно 38,4 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека својот глас на изборите ќе го дадат за Талески , додека 13,2 отсто одговориле дека ќе гласаат за Диневски.
Во однос на советничките листи, 33,2 отсто од испитаниците одговориле дека ќе ги поддржат оние на владејачката коалиција, додека 16,5 отсто се изјасниле за листите на опозициската коалиција предводена СДСМ.
Ристески во Прилеп може да очекува победа уште во првиот круг. Дури 53, 4 отсто од испитаниците во анкетата на Павел Шатев се изјасниле дека гласот ќе го дадат за Ристески, додека 17 отсто за кандидатот на СДСМ, Хари Локвенец.
ВМРО-ДПМНЕ има двојно водство и на советничките листи во Прилеп, бидејќи 31,1 отсто од анкетираните се изјасниле дека ќе ги поддржат листите на владејачката коалиција, додека 15,2 отсто за СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.