Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски најави реконструкција на постојните паркиралишта во населба Острово, со вкупен капацитет од 150 нови паркинг-места.
– Станува збор за обнова на четири постојни паркиралишта меѓу зградите по должина на улица „Владимир Комаров“ со вкупна површина од околу 5 илјади квадратни метри – рече Коневски. Обновата ќе опфати замена на горниот асфалтен слој со нов, појасни градоначалникот.
Реконструкцијата се очекува да заврши до крајот на годинава, а средствата во висина од 11 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Аеродром.
Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски изјави дека како и досега сите станари на општина Аеродром ќе бидат изземени од надомест за плаќање за прво, второ и трето возило.
Општина Аеродром досега има изградено 17 нови паркиралишта со над 2 илјади паркинг места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.