Ливерпул се спаси од елиминација во националниот куп на Англија во последен час и со два гола во последните пет минути го елиминира Болтон.
Второлигашот во повторениот меч поведе со 1-0 со голот на некогашниот фудбалер на Барселона и Челси, Гудјонсен од пенал, а Стерлинг и Кутињо во самиот финиш од 86. до 91. минута погодија по еднаш за комплетен пресврт и пласман на Ливерпул во осминафиналето на ФА купот.
Првиот меч во Ливерпул заврши без голови. Следен противник на повеќекратниот англиски шампион ќе биде Кристал Палас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



