
Снимки и документи од државни институции меѓу кои и од агенцијата за разузнавање биле најдени во компјутерот на синот на екс директорот на УБК, Зоран Верушевски, објавуваат од телевизијата „Сител“ повикувајќи се на сопствени извори.
Како што соопштува „Сител“ постариот син на екс разузнавачот се обидел со секира да го уништи компјутерот во Струга по наредба на неговата мајка. Иако бил на парчиња, наводно инспекторите успеале да го пронајдат хард дискот кој не бил оштетен и да извадат од него инкриминирачки материјали.
Според информациите на „Сител“, во домашниот лап топ на прво осомничениот се криеле целосни анализи на предмети поткрепени со прибавени аудио записи. Медиумите информираат дека Верушевски денеска дал исказ во обвинителството, во присуство на неговиот адвокат, но од таму не откиваат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


