| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас му порача на Оланд дека Грција не е закана за ЕУ

Aleksis Cipras

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас кој беше примен од францускиот претседател Франсоа Оланд, повика Франција да игра „одлучувачка улога“ во корист на економскиот развој на Европа.

– Ние сакаме да водиме дијалог и не сме закана за Европа. Ние имаме потреба од нов договор за враќање на економскиот раст, за засилување на вработеноста и социјалната кохезија – нагласи Ципрас.

Новиот грчки премиер пред новинарите изјави дека на своите партнери им претставил „реални предлози“, давајќи им гаранции дека неговата земја има потреба од реформи.

– Ние тоа треба да го направиме за наш кредибилитет и за да и се вратиме на социјалната правда. Грчкиот народ страдаше многу. Но, некои не придонесоа за да се плати сметката. Потребни се напори за борба со даночното затајување, против неплаќањето на даноците, рече тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top