Не е вест дека мајката на Џенифер Лопез е коцкарка, но изненадувачки е фактот дека пејачката се заколнала да ја одучи Гвадалупе од нејзиниот порокот, коцкањето, кој се рефлектира врз нејзиниот џеб.
Пред некое време постарата дама доби 3 милиони американски долари на рулет во казино. Добивката сепак мораше да оди за отплата на долгот кон нејзината ќерка.
Џеј Ло секогаш се обидува да ја заштити мајка си и по повод оваа добивка ја нарече среќлика.
Деновиве на Лопез и претстои концерт токму во градот на коцката, Лас Вегас, но ѕвездата е категорична дека ногата на Гвадалупе, нема да стапне таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.