Рајиндрапарсад Сечурн е судијата што драстично го оштети и индиректно го елиминира Тунис од Африканскиот Куп на Нации, а казната за него е 6-месечна забрана за делење правда на фудбалските терени.
Мавританскиот арбитар досуди контроверзен пенал во 91. минута за домаќинот на турнирот Екваторијална Гвинеа против Тунис, што беше причина за елиминација на фаворитот. Со гол Гвинејците израмнија на 1-1, а потоа во дополнителното време со уште еден гол и победија со 2-1 и останаа во игра за титулата, а Тунис се прости од турнирот.
Вистински калабалак имаше по мечот. Репрезентативците на Тунис го бркаа Сечурн по теренот, за што се казнети парично. Федерацијата ќе треба да плати 50 илјади долари за инцидентот.
Екваторијална Гвинеа утре ќе го игра полуфиналниот дуел со Гана, а денеска од 20 часот е пресметката меѓу Брегот на Слонова Коска и ДР Конго во првото полуфинале на Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.