| четврток, 6 декември 2018 |

Притворени повеќе француски полициски офицери

 франција

Генералната инспекција на француската национална полиција изутринава изврши претрес во Дирекцијата на париската судска полиција, при што приведе повеќемина полицајци, меѓу кои и директорот, јави дописникот на МИА од Париз.

Спорд француските медиуми, на упасените полициски офицери им е одредена мерка притвор.

Акцијата, врз основа на налог на истражен судија, е спорведена во просториите на еден од најпознатите француски полициски комесаријати, легендарниот „36 Ке д’Орфевр“, кој е овековечен во повеќе француски филмови.

Меѓу притворените е и Бернар Пети, поранешен трет човек на централната дирекција на судската полиција, кој во 2013 година беше назначен на челото на престижната судска полиција на Париз. Во рамките на оваа служба работат околу 2.200 полицајци, најчесто водејќи истраги за чувствителни предмети.

Пети, кој е на возраст од 58 години, ја започна кариератата како инспектор, по што минувајќи ги сите скалила на полицијата, преку Централното биро за борба против недозволената трговија и дрога, се до местото заменик-директор задолжен за борба против организиарниот криминал и финансиска делкивенција во Нантер.

Пети дојде на челото на фамозната „36“ по сменувањето на Кристиан Флаеш од страна на француксиот премиер Мануел Валс, поради „етичка грешка“.

Притворањето и истрагата која ја води Генералната инспекција на француската национална полиција се однесува на оддавање на тајни во рамките на истражна постапка од еден париски судија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top