| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 65. издание на Берлинскиот филмски фестивал

Во главната програма се наоѓаат 23 филма од кои 19 ќе се натпреваруваат за престижната награда „Златна мечка“

berlinski-festival-1

Првиот голем филмски фестивал оваа година, 65. Берлинаре ќе биде отворен вечерва со филмот „Никој не ја сака ноќта“ на шпанската режисерка Изабел Кушет. Во главната програма се наоѓаат 23 филма од кои 19 ќе се натпреваруваат за престижната награда „Златна мечка“.

Македонската актерка Наташа Петровиќ ќе биде дел од елитата. Таа во Берлин на 12 февруари ќе го промовира својот последен филм „Еликсир“, кој е германско-австралиска копродукција. Филмот е примен во прогматата „Перспектива на германскиот филм“.

natasa petrovic

Меѓу другите, своите остварувања ќе ги претстават и Теренс Малик, Вим Вендерс, Питер Гринавеј, Џафар Панахи, Вернер Хрецог и Пабло Лараин.

– Годинешната главна програма е вообичаена мешавина од анорексија, верски фанатизам, злоупотреба на деца и мечење – изјави малку на шега Дитер Кослик, директор на Берлинскиот филмски фестивал, додавајќи дека главниот фокус ќе биде на културата на Јужна Америка и на жените.

Токму поради тоа фестивалот го отвора еден вистински женски филм за Американката Џозефина, чиј лик го толкува Жулиет Бинош и припадничата на племето Инуити (Ринко Кикучи) кои на пустиот и снежен остров Гренланд во 1908 година го чекаат истражувачот на Северниот пол да се врати од експедицијата. И двете го сакаат, но на сосема различен начин.

berlinski-festival

Теренс Малик ќе го претстави филмот „Витез со пехар“ за неуморните животи на богатите и славните со Кристијан Бејл, Натали Портман и Кејт Бланшет во главните улоги.

Џејмс Франко и Никол Кидман ги толкуваат главните улоги во филмот „Кралица на пустината“ во кој се говори за Гертруда Бејл, историчарка, истражувачка и припадничка на тајната служба на Британското кралство. Таа водела решавачка улога во политичкото уредување на Блискиот исток во дваесетите години на минатиот век.

Чилеанецот Пабло Лараин го сними „Клубот“ за четворица озогласени свештеници кои живеат заедно чистејќи се од гревовите, но со доаѓањето на петиот член, нивниот мир е нарушен.

Питер Гринавеј ќе го прикаже филмот „Ајзенштајн во Гванахуато“ и во него раскажува приказна за големиот советски режисер Сергеј Ајзенштајн кога отпатувал во Гванахуато во 1931 година за да го сними филмот „Ке вива Мексико“. Таму тој се соочил со сосема нова култура и поглед на свет. Сергеј е прикажан како ексцентричен уметник оптоварен од светската слава кој од концептуален филмски автор во Мексико станува уметник кој е фасциниран од човечкиот карактер.

Главната програма на 65. Берлинаре ја сочинуваат и два холивудски блокбастери кои се надвор од натпреварувачката програма – „Пепелашка“ во која Кејт Бланшет ја толкува улогата на лошата маќеа и „Педесет нијанси сиво“, филмската адапатација на софт-порно романот.

Директорот на фестивалот не се согласува со констатацијата дека Берлинаре одлучил да профирира од „Педесет нијанси“.

– Би биле луди ако ја пропуштивме шансата. Милиони луѓе сакаат да го видат филмот. Тој ќе биде хит во вистинска смисла – вели Кослик.

Наградате за животно дело ќе му биде доделена на германскиот автор Вим Вендерс, кој во Берлин ќе го прикаже својт нов филм „Се ќе биде во ред“ во кој се говори за писател кој од невнимание убива дете и следните 12 години се носи со последиците од трагедијата која оставила голем печат на неговиот и животот на мајката на убиеното дете.

Фестивалот завршува на 15. февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top