| четврток, 6 декември 2018 |

Четиринаесет повредени во автобуска несреќа во Хрватска

ласта

Четиринаесет лица се повредени, од кои тројца потешко, откако рано утрово се преврте автобус на белградското претпријатие „Ласта“ на линијата Сплит-Белград, јави Хина.

Како што е соопштено од „Ласта“, во возилото имало 17 патници, а според неофицијалните информации, никој од патниците не е во животна опасност.Едно лице е префрлено во болницата во Загреб, четири лица по прегледот се згрижени во Домот на културата Поповача, а 12 лица се пренесени во болницата во Сисак, каде се упатени на натамошна дијагностика.

Хрватски медиуми наведуваат дека меѓу полесно повредените се и три деца, на возраст од четири до десет години, а оти возачите не се повредени.

Од Белград е испратен автобус кој патниците ќе ги пренесе до Белград.

Автобусот бил технички исправен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top