| четврток, 6 декември 2018 |

Загадена е водата во струшките села Мороишта и Калишта

voda

Водата што ја конзумираат жителите на струшките села Мороишта и Калишта е микробиолошки загадена, покажаа последните анализи што ги изврши Регионалниот центар за јавно здравје, јавуваат медиумите, истакнувајќи дека во дел од градскиот водовод во Струга, како и во селските водоводи во струшкиот регион отсуствува средство за дезинфекција.

Примероците на вода земени пред два дена од селата во Дебарца кои имаат сопствен водовод (Сливово, Слатино, Издеглавје, Песочан, Велмеј, Лешани, Белчишта, Ботун, Мешеишта, Подмоље) покажале недостаток на дезинфекционо средство, а водата била со зголемена матност над максимално дозволените граници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top