| четврток, 6 декември 2018 |

Спортот е еден од приоритетите на Наумовски за Ѓорче Петров

За Александар Наумовски, кандидатот за градоначалник на „Сојузот за иднината“ за општина Ѓорче Петров, спортот е еден од приоритетите во неговата изборна програма за претстојните локални избори. Наумоски вчера во пријателска атмосфера одигра ракометен натпревар од страна на екипата од втора лига РК Ѓорче Петров 64 против тимот на Ринија.

Aleksandar-Naumovski

Мечот  значеше и промоција на еден од спортовите што своевремено го одбележаа Ѓорче Петров. Оттука тргна европската приказна на поранешниот европски клупски првак, женскиот тим на Кометал Ѓорче Петров.  Наумоски силно се залага за враќање на спортот во општината, што е и еден од приоритетите на неговиот тим.
Наумоски, кој е поранешен ракометар кој играл на позицијата пивот, најави повторно оживување на спортските терени кои некогаш беа собиралиште на кое се оставаше срцето, јасно и децидно во неговата програма истакна дека ако ја добие довербата на ѓорчепетровци ќе ги оживее одамна замрените ракометни клубови, фудбалскиот клуб, салата „Партизан“ и се она што до пред десетина години беше гордост на Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top