Последниот рекламен договор на машината за пари Ким Кардашијан е со мобилниот оператор „T-Mobile“. Во рамките на кампањата, Ким снима кратки видеа, кои може да се пофалат со милиони гледаност.
Едно од нив вклучува упатство од манијачката за селфи фотографии, во кое со неколку збора опишува како да си направите совршено селфи. Првиот услов е да имате соодветна светлина, за да успеете да ги прикриете сите недостатоци и да ги ставите во преден план своите добри црти. Потоа многу е важно да се избере најдобриот агол на лицето, кој излегува најдобро на фотографии. Самата Ким обично позира со брадата надолу.
Кардашијан признава дека си прави по 300, да добро слушнавте, 300 селфи фотографии, додека да избере една совршена што ќе ја објави на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)