| четврток, 6 декември 2018 |

Загина млада босанска пејачка

568835_visoko01-poginula-amila-hasanovic_f

Безживотното тело на дваесетгодишната Амила Хасановиќ синоќа било извлечено од реката Босна. Таму младата босанска пејчка завршила со својот автомобил „поло“.

Според очевидците, автомобилот потонал само неколку секунди откако со него Хасановиќ влетала во водата. Таа се обидела да го скрши стаклото и да избега, но не успеала.

Се претпоставува дека до незгодата дошло поради грешно поставената рачна. Имено, автомобилот бил паркиран порај обалата и кога таа влегла, наместо во прва брзина, префрлила во рикверц.

amila

Несречаќата се случила на патот Високо-Какањ во Босна и Херцеговина во понеделникот наутро. Нан адлежните им требало повеќе од 24 часа да го извлечат автомобилот од надојдената река.

Хасановиќ беше надежна млада пејчка, која својот талент го покажала во минатогодишната сезона на „Ѕвезда можеш бити ти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top