Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги обвини САД за обид да организираат државен удар во неговата земја. Мадуро тврди зад целата операција стои американскиот потпретседател Џо Бајден. Ова е прв пат Мадуро директно да прозве некој во американската влада за обид за насилна смена на власта во оваа земја.
Претходно, венецуелскиот претседател обвини неколку американски федерални служби дека се вмешани во заговор против Венецуела.
Мадуро јавно го праша американскиот претседател Барак Обама дали тој е свесен за плановите кои предвидуваат насилства и државен удар во Венецуела.
– Во Венецуела има американски дипломати кои убедуваат воени офицери да ја предадат својата земја, се обидуваат да влијаат врз опозициските политички лидер, врз јавното мислење и врз бизнисмените за да предизвикаат државен удар, соопшти Мадуро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.