| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Фенингер славеше на првата трка од СП во Бивер Крик

Светското првенство во скијање во алпски дисциплини што денеска започна во американскиот скијачки центар Бивер Крик започна со големи возбудувања.

2015 Alpine Skiing World Championships

На првата трка што се возеше во супервелеслалом победи Австријката Ана Фенингер со време од 1:10,29 минути. На второто место со само три стотинки заостанување се пласираше актулната лидерка во генералниот пласман од Светскиот куп Тина Мазе од Словенија која не успеа да ја одбрани титулата освоена пред две години. До третото место доскија домашната натпреварувачка и миленичката на публиката Линѕи Вон. Апсолутната рекордерка по бројот на победи во Светскиот куп заостана 15 стотинки зад победничката.

Alpine Skiing World Championships 2015

Силниот ветер им созаде проблеми на организаторите кои мораа да ја скратат патеката за десетина секунди.
Утре на програмата е машкиот супервелеслалом, а веќе в петок жените ќе ја возат спуст трката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top