| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн лошо го започна пролетниот дел од сезоната, овојпат не успеа да победи на Алијанц Арена (видео)

Лидерот во германската Бундес лига Баерн Минхен лошо го започна пролетниот дел од шампионатот. По дебаклот пред четири дена од екипата на Волфсбург, избраниците на Пеп Гвардиола не успеаја да слават победа на „Алијанц Арена“ против тимот на Шалке одигрувајќи само 1-1.

VfL Wolfsburg vs FC Bayern Munich

Бодот за Баерн е голем бидејќи скоро целиот натпревар го одиграа со играч помалку по исклучувањето на Жером Боатенг во 17 минута поради старт во казнетиот простор. Судијата оправдано досуди пенал за Шалке, но изведувачот Чупо-Мотинг не успеа да го совлада Мануел Нојер.
Во продолжението на натпреварот Баерн ги консолдира редовите и констатно вршеше притисок пред голот на Шалке. Тоа резултираше со гол на Робен во 67 минута од по еден одлично изведен корнер од страна на Чаби Алонсо.
Радоста на баварците кратко траеше бидејќи Хеведес во 72 минута го постави конечниот резултат.


Bayern Munich vs Shalke 1-1 all goals and… by tural-borcali

Со овој нерешен резултат на Баерн ништо не се промени на табелата бидејќи второласираната екипа Волфсбург истотака одигра нерешно 1-1 на гостувањето кај Ајтрахт Франфурт.
Единствената победа на денешните натпревари од 19.коло ја оствари Борусија Менхенгладбах која славеше минимално со 1-0 над Фрајбруг. Четвртиот натпревар меѓу Хановер и Мајнц истотака заврши без победник, 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top