Јорданската Влада потврди денеска дека џихадистите од Исламска држава го убиле заробениот јордански пилот, прецизирајќи дека тоа се случило на 3 јануари.
Соопштението беше емитувано од јорданската државна телевизија, јави БТА.
На видеоснимката, која денеска беше објавена на Интернет од ИД се гледа маж како гори жив, а за за кој се тврди дека е пилотот Муас ал Касасбех, кој беше киднапиран во декември.
Командантот на јорданските вооружени сили го информирал семејството на пилотот за неговата егзекуција.
ИД наведува дека мажот кој жив гори е јорданскиот пилот заробен откако авионот Ф16 се урна во Сирија на 24 декември. Муас ал Касасбех извршувал воздушен напад врз позиции на ИД во кампањата на меѓународната коалиција против џихадистите.
На снимката чија веродостојност не е потврдена, прикажан е човек во пламен зад решетки. Јорданската Влада преговараше со припадници на ИД за размена на заробеници.
Во друг видеоматеријал објавен на исламистички форуми, ИД упатува нови закани кон Франција каде како што тврди, има илјадници приврзаници подготвени за напади.
Белата куќа соопшти денеска дека американските разузнавачки служби се обидуваат да ја проценат автентичноста на видеоснимката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


