| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Манасков решен да си замине од Металург!

Левото крило на Металург и еден од најдобрите македонски ракометари на штотуку завршеното Светско првенство во Катар, Дејан Манасков, им се приклучи на играчите на тимот од Автокоманда кои треба да добијат исписници од клубот.
Манасков дошол на првиот тренинг на клубот по Светското првенство под водство на Лино Червар и најавил дека нема намера да остане во клубот кога ситуацијата е нејасна околу финансиската конструкција и долгот кој го има клубот кон него.
Од управата на клубот се надеваа дека одличното крило ќе биде столбот на играта во наредниот период, но очигледно дека Манасков се изморил од празните ветувања од челниците.
Како што веќе беше објавено, репрезентативците Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, како и браќата Никола и Велко Маркоски, се наоѓаат на листата на играчи на чии услуги нема да се смета во иднина и кои веќе во денешниот ден би требало да добијат и раскин на договорите со македонскиот првак.

Како што претходно објавивме, за услугите на Манасков сериозно се заинтересирани Пари Сен Жермен и Вардар кои се очекуваше да ги почнат преговорите со играчот по завршувањето на сезоната, но не е исклучено Манасков да потпише за некој клуб во текот на овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top