| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоровиќ платата ја дава на сиромашните

Тој е познат како единствен општински татко кој не ужива во градоначалничката плата, туку ја донира на оние на кои им е потребно

Владимир Тодоровиќ, актуелен градоначалник на скопската општина Центар и кандидат на владејачката ВМРО ДМПНЕ за истата функција вели дека градоначалничката плата ја дава на сиромашните. Тој е познат како единствен општински татко кој не ужива во градоначалничката плата, туку ја донира на оние на кои им е потребно.

-Има дел од граѓаните кои се социјални случаеви и кои навистина тешко го поминуваат месецот, па затоа мојата плата ја давам на сиромашните. Сега решив да направам посистематизирано делење и се обидовме мојата плата да ја делиме на 15 социјални случаи.  Досега платата ја давав без некој ред, некој ќе дојде ќе побара 5 илјади денари и јас ќе му дадам, сега ќе има ред. Има вработени од општината кои се грижат за најранливата категорија и тие ги имаат избрано овие 15 луѓе на кои секој месец ќе им даваме по 3 илјади денари. Не користам службено возило, донирам околу 250 илјади евра годишно преку компанијата „Тинекс“, ги вработувам децата од „Домот за деца без родители“, плаќам три плати на еден центар на наставниците кои работат со деца од улица кој се наоѓа во Шутка и давам друга помош. Чувствувам дека на многу граѓани им е потребна таа помош, а мене ми причинува задоволство да ја покажам мојата општествена одговорност – вели Тодоровиќ.

todorovic kapistec

Тој кампањата ја работи и од канцеларија и на терен, се со цел за поубав живот на жителите на скопската општина Центар.

– Она што го градиме морав да го посетувам. Нормално и дека канцелариската работа е неизбежна. Моето присуство на терен е многу значајно за поквалитетна изведба иако имаме надзор на објектите, со оглед на тоа дека сум градежен инженер и многу работи ми се познати од изведувањето на коловози, објект како катна гаража и слично – вели тој. За него функцијата градоначалник е многу одговорна и тука нема место за нечесни луѓе.

-Во програмата стојат неколку капитални објекти. Досега никоја општина не ги правела проектите кои ние веќе ги завршивме, како двата моста, катната гаража и спортска сала во основно училиште. Тоа го оставале на централната власт. Ова се крупни инвестиции. Можеби сме единствена општина во државата која тоа го прави со свој буџет, не со помош на Владата. Така сега во идниот период ние сме спремни да изградиме основно училиште, градинка и пензионерски дом. Тоа се капитални инвестиции. Пензионерски дом не е изграден повеќе од 30 години. На градот му недостасуваат 4-5 пензионерски домови, но нека се почне макар и со еден. Ние сме спремни да го направиме тоа во наредниот мандат – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top