| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец главен судија во канадската Сокер премиер лига

igor-cvetkovski-sudija

Македонецот Игор Цветковски е назначен за главен судија во BC Soccer premier League, една од најелитните фудбалски лиги во Канада од која многу познати клубови од САД и Канада (МЛС) добиваат засилување во своите редови, пренесува МИА.

Игор Цветковски е запишан и како прв македонски судија кој судел во престижната американска МЛС лига.

Со препорака и одлука на Канадската фудбалска федерација и Фудбалската федерација на British Columbia, Игор е именуван за нов судиски менаџер во една од најелитните лиги на територијата на Канада.

– На последниот работен состанок ми беше предочен и фактот дека на судиските авторитети во Канада им претставува посебна чест и задоволство што ја прифатив новата функција, потенционирајки ја мојата професионалност и ангажираност во и надвор од теренот, изјави Цветковски.

Во образложението на Генералниот менаџер на BC Soccer Premier League, Мет Холбрук, објавено на нивната веб страница, се вели дека Игор како инструктор и оценувач во судиската програма на BC Soccer premier League и со неговото искуство како судија на национално и интернациоинално ниво, е вистинскиот избор.

– Игор го поседува целото искуство што ни е потребно. Неговата страст и желба да биде ментор на претставниците на БЦ Премиер лигата е очиглена, се наведува во објаснувањето на Холбрук.

Македонскиот судија како нов судиски менаџер ќе делегира судии за сите натпревари, а ќе биде и нивен ментор. Цветковски ќе има можност да формира перспективни група на судии која ќе работи исклучиво под негов надзор, ќе има соработка со контролорите, како и тесна соработка со Судискиот коитет околу унапредувањата на одредени судии.

По само петмесечен прстој во Канада, Цветковски дебитираше како четврти судија, на дуелот меѓу Њујорк Ред Булс и Ванкувер Вајткепс (1-4), натпревар кој го следеа 25.000 навивачи. За Игор ова беше дополнително позначајно знаејќи го фактот дека во Северна Америка има вкупно 145.000 регистрирани  судии, а тој беше одбран меѓу 60-те најдобри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top