| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Штип ги живее поволностите како Универзитетски град

митинг штипШтип се сака со универзитет, Штип се сака со нова болница, Штип се сака со нова технолошко-индустриска развојна зона и Штип се сака со многу дела, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на Градскиот плоштад „Слобода“, каде го промовираше кандидатот за градоначалник Илчо Захариев и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Груевски го истакна Штип како универзитетски град, со универзитет кој расте а сега е втор по квалитет.

-Градот доби нова можност која ја почувствуваа сите и се повеќе ќе ја чувствуваат. Ова се обидувавме да го направиме уште кога бевме во опозиција, ама тогашната власт предводена од СДСМ ги отфрли во Парламентот иницијативите на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Универзитет. Велеа дека тоа нема да биде добар Универзитет, дека Штип нема капацитет да има универзитет, дека луѓето тука не знаат да организираат, дека не ги бива за универзитет. Дека тоа можело само во Скопје и во Битола, и во Тетово, и не дозволуваа тука во Штип да се формира универзитет зошто не вможело од Штип да изникнат професори, асистенти, немало доволно студенти, немало доволно капацитети, немало доволно организација, едноставно тие не веруваа во Штип, потсети Груевски како на причина зошто граѓаните ги казниле СДСМ на изборите во 2006 тата година.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари за завршените бројни дела во мандатот на актуелниот градоначалник, Зоран Алексов. Притоа ги наброи реконструкцијата на градскиот плоштад, реконструкции на повеќе улици, подновување на подземните инсталации, кружни текови, адаптацијата на филтер станицата од водата од хидро-системот Злетовица која е во завршна фаза.

Помеѓу капиталните проекти Груевски го истакна новиот регионален систем за водоснабдување Злетовица, за Штип и околните општини, кој чини околу 70 милиони евра и се реализирал главно со поддршка на Владата. Изградбата на 400 киловолтна трафостаница, со што е завршен проектот за 400 киловолтно поврзување меѓу Македонија и Бугарија, набавката на најсовремена опрема за клиничката болница во Штип.

Во Штип се гради слободна економска зона, а истовремено се гради и првата фабрика на мултинационална компанија во која ќе работат околу 1430 луѓе.

-Таа компанија сигурно ќе привлече и други мултинационални компании, рече тој.

Рече дека во програмата на Илчо Захариев се внесени голем број проекти кои што како што нагласи, ќе ги работат заедно и во духот на слоганот од минатите избори кога велеа „Заедно можеме повеќе“, но и во духот на овие избори кога велат „Да избереме дела. Македонија се сака со дела“.

– Заедно можеме да направиме многу повеќе дела, нагласи Груевски.

За крај напомена дека слободната економска зона ќе биде завршена онака како што е ветено, оти ќе се работи на привлекување нови инвестиции, на изградба на автопат за Источна Македонија од Скопје до Штип (автопатот Миладиновци-Штип) и по кој ќе може за 35 минути да се стигне до Скопје, на изградба на нова болница во Штип, а не ги изостави ниту големиот број на инфраструктурни проекти, изградбата на спортски сали, терени, училишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top