Обилните врнежи од дожд што го зафатија Тиквеш изминатите денови придонесоа да дојде до заматување на водата за пиење која до граѓаните на општина Неготино доаѓа од регионалниот водовод „Лукар“, информираше денеска директорката на јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино, Наташа Лазова.
– Врз основа на направените согледувања и мерења на нејзината заматеност, ги информираме граѓаните на општина Неготино дека е неопходно и се препорачува водата за пиење пред нејзината употреба задолжително да се преврива – соопшти таа.
Лазова додаде дека, и покрај зголеменото присуство на хлор во водата од „Лукар“, сепак водата сѐ уште е заматена и токму затоа е потребно нејзино превривање пред употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.