| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров на состанок на Кризниот штаб во Чешиново-Облешево

тодоров

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска  ќе ја посети општината Чешиново-Облешево, каде што ќе присуствува на состанокот на стручњаци од Кризниот штаб во општината, по настанатите поплави во ова подрачје.

На состанокот на Кризниот штаб ќе присуствуваат и професори, доктори-епидемиолози и специјалисти по хигиена од Институтот за јавно здравје и Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството, како и претставници од Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

Целта е да се изврши процена на здравствениот ризик по настанатите поплави, односно да се процени можноста за појава на заразни заболувања кај населението, а воедно и да се потсети на препораките за спречување на можна појава на заразни болести, како и препораките за користење вода за пиење во поплавените подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top