| четврток, 6 декември 2018 |

Онеста тргнува по трета олимписка титула по ред

Селекторот на француската ракометна репрезентација, Клод Онеста, најави дека на следните Олимписки игри кои ќе се одржат во Рио де Жанеиро во 2016 година Франција ќе се обиде да ја освои третата олимписка титула по ред по Пекинг и Лондон.
Со освојувањето на Светското првенство во Катар, „трикилорите“ успеаја да ги обединат трите титули, европската, светската и олимписката, и тоа им се случи двапати во нивната историја.
Селекторот најави дека Франција е оптимист и дека неговата репрезентација е фаворит за освојување на уште една олимписка титула.

– Имаме млади играчи кои долго ќе играат во репрезентацијата. На последните две првенства, европското и светското, тие израснаа во одлични играчи и секако ќе бидат столбот во репрезентацијата. Добро е што се квалификувавме во Рио и секако сме фаворити за освојување на олимпиското злато, трето по ред. Омејер и Фернандез потврдија дека сѐ уште ќе играат и јас сум отпимист. Сега е на ред да славиме – изјави селекторот на Франција, Клод Онеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top