| четврток, 6 декември 2018 |

Том Брејди влезе во историјата со четвртиот трофеј во Супербоул со Њу Ингланд pејтриотс (видео)

tom brejdi 1

Најголемиот спортски настан во светот, 49. издание на Супербоул, во кој се одлучува за титулата во американската професионална фудбалска лига – НФЛ се одигра синоќа, а во финалето се сретнаа Њу Ингланд пејтриотс и Сиетл сихоукс.
Том Брејди, квотербекот на Њу Ингланд, влезе во историјата со својата четврта титулата освоена со овој тим и заслужено славеше победа од 28-24 над Сиетл.
Во еден од најдраматичните натпревари во ова натпреварување, Брејди четири пати успешно додаде за тачдаун и го одведе својот тим до победата. Сосема заслужено тој беше прогласен за МВП на натпреварот.

tom brejdi

Во последниот период тимот на Њу Ингланд губеше со 24-14, но клучен момент се чини беше одлуката на тренерот на Сиетл, Пит Керол, кој на само еден јард од линијата за тачдаун одлучи топката да му биде дофлена на играч во енд-зоната наместо да му ја даде топката на својот ранинг-бек Маршон Линч и тој да ја заврши акцијата. Тоа го искористи одбранбениот играч на новите шампиони Малком Батлер, кој го пресече нападот на Сиетл и му овозможи на својот тим да се радува на титулата.
Ова беше трета титула за Њу Ингланд во последните три години, четири во нивната историја освоени со тренерот Бил Беличик и со квотербекот Том Брејди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top