Синоќа во НБА-лигата беа одиграни само два натпревари. Во големото дерби на истокот од пред неколку години кога Бостон и Мајами водеа големи битки за тронот. Мајами славеше победа во „ТД Гарден“ против Бостон со 83-75 за трет пораз во низа на „детелинките“. Слабото прво полувреме во кое домаќините постигнаа само 31 поен со очаен шут од поле од само 31 процент беше пресудно за победникот. Во третата четвртина Бостон ги реализираше првите седум шутеви и најави крајно неизвесна завршница бидејќи во последниот период од играта влегоа со негатива од само два коша.
Сепак, гостите не дозволија никакво изненадување и во четвртата четвртина заиграа понагажирано во одбраната и успеаја да изнудат неколку тешки шутеви на Бостон и со тоа да го приведат натпреварот до крај. Вајтсајд беше предводник кај Мајами со 20 поени додека Крис Бош додаде 18. Кај поразените Бредли и Зелер постигнаа по 17 коша.
Во НБА-класиката во натпревар меѓу Њујорк и ЛА Лејкерс во „Медисон сквер гарден“ очекувано славеше Њујорк со 92-80.
Двата тима лошо ја почнаа сезоната и најверојатно и оваа година нема да играат во плејофот за шампионскиот прстен.
Кармело Ентони со 31 поен го предводеше својот тим до победата, додека кај Лејкерси се истакна Елингтон со 23 кош, кој игра сѐ подобро бидејќи на претходниот натпревар за својот тим против Вашингтон постигна 28 поени, што е негов рекорд во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



