| четврток, 6 декември 2018 |

Франција се врти кон крајната десница

marin le penmКрајно десничарскиот Национален фронт на вчерашниот прв круг од парцијалните парламентарни избори во Дуб (Источна Франција) ја потврди својата вкоренетост кај Французите, освојувајќи најмногу гласови, јавува МИА од Париз. Кандидатката на крајната десница Софи Монтел доби 32,60 отсто од гласовите, пред кандидатот на социјалистите Фредерик Барбие, кој доби 28,85 отсто, додека кандидатот на умерената десница (УМП) Шарл Демуг со 26,54 отсто е елиминиран. Владата и социјалистичката партија веднаш ја повикаа УМП на републиканско обединување зад нивниот кандидат кој во вториот круг ќе се соочи со кандидатката на Националниот фронт.„

Фредерик Барбие, кандидатот на социјалистичката партија во четвртатат изборна единициа во Дуб, отсега е канидат на сите републикаци“, напиша на својот профил на „Твитер“ премиерот Мануел Валс.

Портпаролот на владата Стефан Фол, ја повика УМП да заземе „јасна позиција“ за вториот круг. Екологистите повикаа да се гласа за кандидатот на социјалистите, но барем засега високото раководство на УМП сѐ уште нема заземено позиција. Во соопштение до новинарите, УМП јавува дека претседателот на партијата, Никола Саркози, „ќе го консултира политичкото биро на партијата, кое се состанува утре, за да ја дефинира позицијата на партијата за вториот круг“.

Националниот фронт не ја крие радоста бидејќи по големиот успех на европските избори во 2014 година и освојувањето на 25 европратенички места, партијата е во подем. Испитувањата на јавното мислења велат дека неговата лидерка Марин ле Пен би добила најмногу гласови на претседателските избори во првиот круг.

„Честитки за Софи Монтел, која стигна прва во Дубс! Општа патриотска мобилизација во недела“, напиша на својот профил на „Твитер“ Марин ле Пен.

Изборите во Дуб се за испразнетото пратеничко место, кое го држеше актуелниот еврокомесар Пјер Московиси. Овие парцијални избори се вистински тест за Франција, која за еден месец ќе ги повика избирачите да гласаат на кантоналните избори, за составот на департманските собранија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top