СДСМ вечерва одржа митинг во населбата Аеродром на кој го претстави кандидатот Диме Велковски. Тој рече дека народот е сведок дека осум години оваа власт безмилосно троши народни пари, а од граѓаните на оваа скопска општина ја побара поддршката за да може, како што рече, да ги реализира сите проекти кои СДСМ и аеродромци ги напишале во неговата изборна програма во проектот „Работно лето”.
– Актуелниот градоначалник вети многу, но за наш жал, направи малку. Ние, граѓаните на Аеродром добивме фактури за потрошени народни пари за шминкање на општината. Шест милиони денари потрошија за шанкови за паркот „Писта”, а 12 милиони денари за споменикот на Јане Сандански. Го повикувам актуелниот градоначалник Ивица Коневски на дуел, за да види народот кој е лажго, а кој вистински патриот. Никој од нас не заслужува да живее во општина во која главните приоритети се на последно место – изјави кандидатот на здружената опозиција за градоначалник на општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.