| четврток, 6 декември 2018 |

Невремето во Чикаго откажа две илјади летови

bura

Поради силната бура, што полека се движи по американскиот среден запад, откажани се околу 2.000 летови, а во сообраќајни несреќи, предизвикани од снегот по патиштата, загинале две лица.

Невремето почна во Чикаго, каде што до ноќеска се очекуваат да наврнат околу 30 сантиметри снег, и потоа полека тргна кон Пенсилванија и западниот дел на државата Њујорк.

Снежната бура, најверојатно, ќе зафати голема област од Небраска до Мејн, сооошти Националната метеоролошка служба.

Поради невремето, досега се откажани 1.950 летови, главно на двата аеродрома во Чикаго, пренесоа американските медиуми.

Во Небраска, во неделата беа затворени некои делници од сообраќајницата „Интерстејт 80“, пред сѐ, поради несреќи предизвикани од замразнати патишта, во кои погинаа возач на камион и 62-годишна жена.

Снежната бура предизвика и прекин во снабдувањето со струја во предградијата на Чикаго и северна Индијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top