| четврток, 6 декември 2018 |

Металург не се предава, победа за македонскиот шампион во СЕХА лигата

Металург не се предава и покрај проблемите што во последниот период се закануваат и по опстанокот на клубот, кој е актуелен шампион на Македонија во ракомет.

Вечерва во меч од СЕХА лигата, десеткуваниот состав од Автокоманда го победи Нексе со 23-21. И без шест репрезентативци Металурзите беа подобри од хрватскиот претставник, а блескаа Вугринец со 8 гола и Мисовски со 12 одбрани. Поддршка дојде и од Георгиевски, кој 4 пати беше прецизен, додека Миркуловски и Талевски дадоа по 3 гола.

Metalurg Brest Meskov 17 (Custom)

Металург остана без квартетот Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски и браќата Марковски, Велко и Никола, кои добија исписници од клубот, а отсутни вечерва беа и Дејан Манасков и Ацо Јоноски.

На 15. февруари Металург ја прдолжува и евроодисејата со меч во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top