| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во Ресен го претстави кандидатот Јордан Проевски

Branko

Опозициската СДСМ денеска одржа митинг во Ресен на кој го претстави својот кандидат за градоначалник Јордан Проевски. На присутните им се обрати лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

-Слушам овие денови некои од другите кандидати се обидуваат по кој знае кој пат, пак да ве излажат. Правеле списоци за вработување за во општина, по јавни претпријатија, во Агроплод….Ништо да не им верувате. Тие да можеа прво себе на некој список ќе се ставеа, а не единствената шанса да им биде пак до градоначалничката фотелја да се доберат.

-Ако сакате за градоначалник да имате личност со образ, личност од збор, личност со која ќе се гордете, а не од која ќе се срамите Јордан Проевски е вистинскиот избор.

Ако сакате да бидете сигурни дека секој денар од општинската каса ќе се употреби само во интерес на вас граѓаните и никогаш за полнење на приватни џебови, за кафеански сметки и за непотребни патувања, Јордан Проевски е вистинскиот избор.

Јордан и советничката листа предводена од Методи Карапалевски се најдобрата гаранција дека пред Ресен се отвараат нови можности и перспективи – повика во ресен лидерот на здружената опозиицја, Бранко Црвенковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top