
Претседателот Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на опелото што по повод смртта на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев се одржа во катедралниот храм „Св. Александар Невски“ во Софија.
На опелото се обрати актуелниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, а покрај македонскиот претседател присуствуваа и албанскиот претседател Бујар Нишани и косовскиот претседател Атифете Јахјага.
– Неговата улога е огромна, историска, бидејќи беше првиот што придонесе за меѓународното признавање на Република Македонија, а ги поттикна на ваков чекор и другите лидери, од регионот и од светот. Во разговорите со него, лично ми кажуваше како придонел претседателот Јелцин да го направи истото што го направил тој, изјави претседателот Иванов.
Желев во 2010 година беше одликуван од претседателот Иванов со Орден „8 Септември“, за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија од страна на Република Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


