| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународната заедница јасно и јавно да ја осуди платформата

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов очекува од меѓународната заедница јасно и јавно да ја осуди платформа која претставува бескрупулозно мешање во внатрешните работи и редефинирање на унитарниот карактер на нашата држава.

– Многу добро се сеќаваме дека меѓународната заедница излегуваше со такви ставови во случајот со други држави од регионот. За жал, во случајот со Македонија такво јавно осудување немаше. Ваквиот гласен молк ни потврди дека иднината на Македонија сега зависи само од нас, нејзините граѓани и нејзините институции. 

Мојата порака е јасна. Штом се воздржа од осудување на платформата што ја загрозува сувереноста и унитарноста на државата Република Македонија, сега меѓународната заедница треба исто така да се воздржи и од наметнување решенија кои би биле во спротивност со државните интереси на Република Македонија – рече Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top