| четврток, 6 декември 2018 |

Менде Диневски најави ревитализација на битолската чаршија

Bitola

Старата битолска чаршија тоне во сиромаштија и зачмаеност поради лошото менаџирање на локалните власти, обвини денеска Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“, кој ги посети битолските дуќанџии кои се пожалија на високи давачи и на слаб промет.
– Од средбата која ја имав со дуќанџиите, за жал, може да се констатира дека старата битолска чаршија е во тешка, сиромашна ситуација. Дуќанџиите, трговците кажуваат дека секојдневно се затвораат дуќани, прометот е слаб, а истите се на удар на разни инспекции и на високи казни. Ретко кој прави сефте секој работен ден – истакна Диневски.
Тој смета дека ваквата состојба е резултат од лошите политики на централната и локалната власт кои придонесуваат за сиромаштијата и невработеноста.
Во неговата програма, посочи тој, се предвидени мерки со кои би се раздвижила чаршијата, а преку центарот за развој на малите бизниси и бизнис едукација значително би се потпомогнале малите бизниси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top