Не е првпат името на поранешениот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски да се појави во афера со прислушкување. Тој и порано бил дел од вакви незаконски „игри“.
–Поставувањето на Зоран Верушески за старо-нов директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање морало да се случи бидејќи за обелоденувањето на аферата “Прислушување” голем дел од работата завршил токму Верушески, дознаваме од високи владини извори. Според овие извори, токму Верушевски бил главниот крт кој успеал да ги земе материјалите со прислушкуваните разговори, што Црвенковски ги обелодени во јавноста – пишуваше Вест во ноември 2002 година.
Началникот на управата за прислушкување бил човек на Верушевски кој му го дал целиот материјал со прислушуваните разговори на политичари, новинари и други јавни личности. Затоа, Црвенковски не можел никако да го одбегне Верушески во кадровските комбинаторики.
–Црвенковски бил добро упатен и бил свесен дека аферите со двата државни стана и исплатата на 12 плати од МВР врзани за Верушевски ќе фрлат сенка и на него како премиер на почетокот на мандатот, но очекувал да се дигне голема врева околу неговото поставување, а тоа за него ќе биде олеснителна околност тој веднаш да го смени. Тогаш Верушески беше обвинет најпрвин од новинарите, а потоа и коалицијата “Македонија без корупција” дека на функцијата директор на ДБК доаѓа со еден куп валкан веш – два државни стана добиени со лажна изјава и земање на 24 плати или околу 10 илјади евра при напуштањето на асистенското место на Факултетот за безбедност, пишуваше Вест.
И неговото враќање во МВР беше спротивно на Законот за работни односи со кој било прецизирано дека лицето кое го напуштило работно место со 24 плати, во наредните две години не смее да се вработи во истата дејност, во случајов во државни и јавни установи.
Занемарувајќи ја оваа законска пречка СДСМ тогаш го предложи Верушевски за директор на Дирекцијата за безбедност.
–Среќен сум што борбата против корупцијата ја почнавте токму од мене. Но вашето интресирање за мене траеше само два три дена. Овојпат се надевам дека истрагата ќе трае подолго” вака на новинарите им се обрати тогаш новоназначениот директор на Дирекцијата за државна безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кога тие од него побараа објаснување на кој начин тој се стекнал со двата државни стана.
Тој тогаш на новинарите им порача да најдат правен механизам и тој ќе се откаже од двата стана и нагласил дека никој нему не му кажал дека не треба да добие два државни стана ниту пак некој од него побарал да врати еден од становите.
Но Зоран Верушевски сепак не кажа тогаш што било одлучувачко тој и покрај непријатностите што ги доживувал со судскиот процес да го истера до крај и да се стекне со станарско право врз двата државни стана кои што подоцна ги откупил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.