| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници Шпанци во „Марш за промени“

Podemos-rally-madrid-009Десетици илјади Шпанци учествуваа во “Маршот на промени” на градскиот плоштад во Мадрид во знак на поддршка на левичарската партија Подемос во пресрет на парламентарните избори во декември. Подемос, според моделот на сестринската партија, грчката СИРИЗА, во случај на победа објави укинувањето на мерките на штедење.

Промената на власта во Грција поттикна надеж кај многу Шпанци, огорчени заради високата стапка на невработеност и корупција. Илјадници демонстранти во главниот град Мадрид, се пресели на плоштадот Пуерта дел Сол, симболот на отпорот, со кренати тупаници, викајќи Да, тоа може да биде”. На овој плоштад во 2011 година од протестите се појави движење кое во единаесет месеци прерасна во партијатаPodemos“ .

podemos3Откако централно-десничарската влада на Шпанија позајми пари да им помогне на приватните банки и им вети на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд намалување во јавните служби, избришани се илјадници работни места. Во Шпанија невработено е 24 отсто од населението, и веднаш по Грција земјата е на највисок степен во Европската унија.

Владејачката конзервативна Народна партија и социјалистите од „PSOE“ се менуваат на власт последните 37 години, откако е воведена демократија во Шпанија. Скандалите со корупција во двете главни партии се една од главните причини за огромната популарност на Подемос, која што за помалку од една година постоење прерасна во најсилна политичка партија во Шпанија. Партијата, предводена од харизматичниот Пабло Иглесиас Турион, 36-годишен професор по политички науки ужива поддршка од 28 отсто од населението.

podemos iglesias„Денес сонуваме како нашиот сон да стане реалност во 2015 година. Оваа година ќе започнеме нешто ново“- порача Иглесиас од сцената на главниот плоштадПобеда на СИРИЗА во Грција во Шпанија за не така мал број луѓе дејствуваше како витамински пијалок. Народот во мај ќе може да го изрази своето мислење на локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top