| четврток, 6 декември 2018 |

Над 3000 револтирани граѓани се упатиле кон СДСМ, полицијата ги спречува, ВМРО ДПМНЕ повикува на смиреност

unnamed (2)Над три илјади граѓани излегоа на спонтан протест пред споменикот на бранителите да го изразат револтот заради, како што скандираат, предавничкиот однос на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според изјавите се упатие кон седиштето на опозицијата на Павел Шатев.

Сепак, полицијата во близина на седиштети на централата на СДСМ ги спречила во нивната намера.

unnamed (1)ВМРО-ДПМНЕ по повиците на социјалните мрежи за спонтани собири на граѓани кои сакаат да искажат незадоволство од постапките на обвинитетите во акцијата „Пуч“, упати апел за смирено и рационално однесување.

– Сакаме да истакнеме дека го разбираме гневот и незадоволството на граѓаните по информацијата за последната акција спроведена од институтициите, но сме уверени, како многу пати порано соочени со вакви предизвици, дека ќе преовлада разумот, мудроста и зрелоста кај граѓаните, се вели во соопштението.

Партијата нагласува дека е потребно да се дозволи целокупната постапка која е комплексна, сензибилна и повеќеслојна да биде препуштена на надлежните инстутуции, која треба да ја изведат во законска, транспарентна, професионална и отворена доказна постапка преку која ќе се дознае вистината, се вели во соопштението.

unnamed (3)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top