Водач на Ал Каеда на арапскиот полуостров изјави дека Франција ги замениле САД на челото на листата на непријателите на исламот, пренесоа вчера Франс прес.
Со слабеењето на САД во последниве години “Франција ја замени Америка во војната против исламот”, изјави идеолошкиот водач на Ал Каеда на арапскиот полуостров Ибрахим ал Рубаиш во видео запис, објавен на Јутјуб од медиумското крило на организацијата.
Вашингтон ја смета Ал Каеда на Арапскиот полуостров за најактивниот и најопасен огранок на организацијата. Токму таа ја презеде одговорноста за нападот врз редакцијата на “Шарл ебдо” во Париз, велејќи дека дејствувала по наредба на лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахири, потсетува АФП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


