| четврток, 6 декември 2018 |

Диме Илиев: Ра­бо­та­та се­ко­гаш ми бе­ше ќеф и ра­дост

До­а­ѓа­ат го­ди­ни­те и сѐ си ве­лам, ај­де уште ова да го на­пра­вам! Ра­бо­та­та ме одр­жу­ва, ра­бо­там со мла­ди ко­ле­ги, ре­жи­се­ри, па тоа ми да­ва си­ла. По­не­ко­гаш и сам не мо­жам да си го об­јас­нам тоа. Пос­лед­ни­те про­би пред пре­ми­е­ра се­ко­гаш се мно­гу на­пор­ни и то­гаш по­мис­лу­вам де­ка след­ни­от пат не­ма да при­фа­там но­ва уло­га, ќе па­у­зи­рам. Ама, па и до­ма не се се­ди, ве­ли до­а­је­нот на ма­ке­дон­ско­то глу­ми­ште Ди­ме Или­ев, акте­рoт на Драм­ски те­а­тар, кој е еден од нај­ан­га­жи­ра­ни­те во пос­лед­ни­ве го­ди­ни

Ди­ме Или­ев иа­ко е во сед­ма­та де­це­ни­ја од жи­во­тот, гор­до ги но­си го­ди­ни­те на сво­и­те пле­ќи и ра­бо­ти не­у­мор­но и по­крај тоа што има че­ти­ри де­це­нии стаж. Со сво­јот ан­гаж­ман во те­а­та­рот, на фил­мот, во те­ле­ви­зи­ски­те се­рии, ка­ко да им пр­ко­си на го­ди­ни­те (62) и са­ка да сра­бо­ти кол­ку што е мож­но по­ве­ќе. Отсе­ко­гаш мно­гу скро­мен, мо­же­би и прем­но­гу, но дла­бо­ко и искре­но вљу­бен во сво­ја­та про­фе­си­ја, Или­ев или чи­чо Ди­мо, ка­ко што го ви­ка­ат во Драм­ски, уште са­ка да им по­мог­не со со­вет на пом­ла­ди­те ко­ле­ги, тие што са­ка­ат да ги слуш­нат не­го­ви­те со­ве­ти. До­а­је­нот на ма­ке­дон­ско­то глу­ми­ште има­ше ма­е­страл­на уло­га во прет­ста­ва­та „Чо­ве­кот што го изе­де све­тот“ глу­меј­ќи скле­ро­ти­чен та­тко.

Во мо­мен­тов на ре­пер­то­а­рот на Драм­ски те­а­тар игра­те во шест прет­ста­ви. Од ка­де кон­ди­ци­ја, од ка­де ја цр­пи­те ра­до­ста за тол­ку го­лем ан­гаж­ман?

ИЛИЕВ: За го­ди­ни­те што ги имам и три прет­ста­ви се мно­гу. Чуд­но е тоа што во пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни тоа за­чи­сти, од прет­ста­ва во прет­ста­ва. И за мла­ди­те акте­ри е мно­гу, од пет пре­ми­е­ри да играш во че­ти­ри прет­ста­ви. И по­ра­но сум играл во по­ве­ќе прет­ста­ви на ре­пер­то­а­рот, ама не сум ги чув­ству­вал. До­а­ѓа­ат го­ди­ни­те и сѐ си ве­лам, ај­де уште ова да го на­пра­вам! Ра­бо­та­та ме одр­жу­ва, ра­бо­там со мла­ди ко­ле­ги, ре­жи­се­ри, па тоа ми да­ва си­ла. По­не­ко­гаш и сам не мо­жам да си го об­јас­нам тоа. Пос­лед­ни­те про­би пред пре­ми­е­ра се­ко­гаш се мно­гу на­пор­ни и то­гаш по­мис­лу­вам де­ка след­ни­от пат не­ма да при­фа­там но­ва уло­га, ќе па­у­зи­рам. Ама, па и до­ма не се се­ди.

Dime iliev akter (1) (Custom)

По­мис­лу­вам де­ка след­ни­от пат не­ма да при­фа­там но­ва уло­га, ќе па­у­зи­рам. Ама, па и до­ма не се се­ди, вели Илиев

Мно­гу­ми­на ќе се сог­ла­сат де­ка уло­га­та на та­тко­то во „Чо­ве­кот што го изе­де све­тот“ е ед­на нај­до­бри­те кре­а­ции во ва­ши­от опус. Да­ли Ве пла­ши, да­ли Ве ужас­ну­ва ста­ро­ста?

ИЛИЕВ: Мно­гу ме пла­ши и ме ужас­ну­ва ста­ро­ста. Тоа е искон­ски страв, ка­ко страв од пос­лед­ни­от чин. Јас нав­ле­гу­вам во ста­ро­ста со го­ди­ни­те. Имам страв и ко­га ја играм уло­га­та. Не­ка­ко, на не­кој на­чин си­те, ако не во најб­ли­ско­то се­мејс­тво, има­ме род­ни­ни, при­ја­те­ли и со­се­ди и тие лу­ѓе ги сре­ќа­ва­ме се­кој ден. Тие се бес­по­мош­ни и, на не­кој на­чин, ние бли­ски­те ка­ко да се сра­ми­ме од тоа, иа­ко зна­е­ме де­ка си­те нѐ че­ка тоа. Тоа е страш­но. За­бо­ра­ве­но­ста, скле­ро­за­та е страш­на ра­бо­та. Во про­це­сот на ра­бо­та, до­де­ка ја под­го­тву­вав­ме прет­ста­ва­та, на ре­жи­сер­ка Бил­ја­на Ра­ди­но­ска, ѝ ве­лев: оваа сце­на ќе ја про­ба­ме ед­наш не­дел­но. Не­кои сце­ни ми бе­ше страв да ги играм. По­себ­но таа ко­га си­нот ми ве­ли: Та­тко имаш скле­ро­за, а јас од­го­ва­рам: Знам.

И Вам, ка­ко и на Бла­го­ја Чо­рев­ски, Ви се слу­чу­ва иста­та при­каз­на. Кол­ку што сте по­во­зрас­ни, тол­ку по­ве­ќе ве има во те­а­та­рот.

ИЛИЕВ: Не­кои од нас игра­ат по­ве­ќе, не­кои по­мал­ку. Чо­ре е во пен­зи­ја, јас ту­ка не­ка­де, уште мал­ку. Ре­жи­се­ри­те те гле­да­ат, ту­ка си, при­су­тен си, ги из­вр­шу­ваш за­да­де­ни­те за­да­чи. Пом­ла­ди­те ре­жи­сер, ко­га ги пра­шу­вам зо­што ме зе­ма­ат во нив­ни­те прет­ста­ви, ми ве­лат: Ве гле­дам и гле­дам де­ка тоа што го пра­ви­те, иа­ко има­те тол­ку го­ди­ни, го игра­те со жар. Се вкло­пу­вам во се­ко­ја прет­ста­ва, ре­жи­се­ри­те се си­гур­ни во ме­не, го са­ка­ат тоа што го играм. По­че­сто сум во прет­ста­ви­те на мла­ди­те ре­жи­се­ри и мис­лам де­ка тие ме­ѓу се­бе кон­та­кти­ра­ат и раз­ме­ну­ва­ат искус­тва за про­це­сот на ра­бо­та до­де­ка се под­го­тву­ваа прет­ста­ва­та. Јас учам од мла­ди­те ре­жи­се­ри, тие при­фа­ќа­ат не­што мое. Во пос­лед­но вре­ме, де­се­ти­на прет­ста­ви на­на­зад, ко­га сме мал­ку по­во­зрас­ни акте­ри или, пак, сум сам, са­кам, ако са­ка­ат ко­ле­ги­те и ко­ле­шки­те да при­фа­тат не­што, да им ка­жам по не­што. Ако са­ка­ат да при­фа­тат, до­бро, ако не са­ка­ат, не ин­си­сти­рам. Еден ре­жи­сер, се­га ова ќе из­ле­зе ка­ко фа­ле­ње, по пре­ми­е­ра­та на „Чо­ве­кот што го изе­де све­тот“, ми ре­че: Уло­га­та ти е за учеб­ник. И Ра­ди­но­ска по пре­ми­е­ра­та ми ре­че: Мно­гу на­у­чив од те­бе ка­ко тре­ба да ра­бо­там, ка­ко те­че про­це­сот. Ста­ну­ва збор за искус­тво. Ко­га се чув­ству­ваш од­го­во­рен за ра­бо­та, тоа уште по­ве­ќе ти да­ва пот­тик за ра­бо­та.

Dime iliev akter (5) (Custom)

Имало моменти кога многу ми било тешко

Да­ли тоа што го сра­бо­те­вте во овие че­ти­ри де­це­нии ра­бо­та Ве пра­ви горд чо­век и актер?

ИЛИЕВ: Има­ло мо­мен­ти ко­га ми би­ло мно­гу те­шко. Тоа би­ле мо­мен­ти на не­кои па­до­ви. Ед­но­став­но, има пер­и­од ко­га ед­на го­ди­на не­ма да се ви­диш во ни­ту ед­на по­дел­ба. Тоа за­ви­си од мно­гу ра­бо­ти. Од тек­стот, од ре­жи­се­ри­те што до­а­ѓа­ат, не­кој ре­жи­сер не те поз­на­ва, по­дел­ба­та на уло­ги­те се пра­ве­ла тај­но… Сум имал па­до­ви во мо­ја­та ка­ри­е­ра, но ра­бо­та­та се­ко­гаш ме ис­пол­ну­ва­ше, ме др­же­ше, ми бе­ше ќеф, ра­дост. Ап­ла­у­зот по прет­ста­ва­та на сце­на­та зна­чи мно­гу. Од тоа си­те жи­ве­е­ме. Еден од уба­ви­те мо­мен­ти е ко­га од сце­на, со ко­ле­ги­те ќе вле­зеш во шмин­кер­ни­ца­та и по уба­ва прет­ста­ва ќе ги спо­де­лиш емо­ци­и­те, до­жи­ву­ва­ња­та до­де­ка ја сим­ну­ваш шмин­ка­та, му­ста­ќи­те, пер­и­ки­те. Тоа е ед­но пре­крас­но чув­ство, кој ре­тко кој го има во ра­бо­та­та. За­до­во­лен сум од тоа што го ра­бо­там. Све­сен сум де­ка сум во го­ди­ни ко­га е „за­ле­зот на сон­це­то“, го­ди­ни­те се тие. Имав мно­гу убав по­че­ток на ка­ри­е­ра­та, со фил­мот „Ис­пра­ви се Дел­фи­на“, но и во те­а­та­рот, ка­де што во пр­ва­та го­ди­на до­бив на­гра­да за нај­до­бар млад актер. Ка­ко што поч­нав, сѐ оди на­та­му де­ка и та­ка ќе ја за­вр­шам про­фе­си­о­нал­на­та ка­ри­е­ра.

Во жи­во­тот има та­кви не­кои бра­но­ви, ко­га во­оп­што не е лес­но. Да­ли те­шко­ти­и­те со кои се со­о­чу­ва­ме ќе по­ми­нат?

ИЛИЕВ: Ло­ши­те ра­бо­ти се пре­бро­ду­ва­ат, ќе ги по­ми­неш. Те­шко е, да, приз­на­вам, се па­ѓа во де­пре­си­ја. Мно­гу е те­шко ко­га по­втор­но ќе вле­зеш во ко­ло­сек. Но, тоа што е ква­ли­тет, ќе из­ле­зе на ви­де­ли­на. Те­шко е, ама не тре­ба да се за­гу­би на­деж. Те­шко е да се пре­жи­вее, да се из­др­жи. Ед­на, две, три го­ди­ни не­и­гра­ње на сце­на­та, до­а­ѓа нов бран, те пок­ло­пу­ва и тре­ба да зна­еш да исп­ли­ваш од тие во­ди, ка­ко сур­фе­ри­те. Си тие па­до­ви и воз­диг­ну­ва­ња, на­ша­та ра­бо­та ме по­тсе­ту­ва на оде­ње по тен­ка жи­ца, што се­ко­гаш е опас­но. На­ша­та ра­бо­та е страш­на. Има ра­бо­ти што јас ни­ко­гаш не ги на­у­чив во жи­во­тот, ка­ко на при­мер да се тур­кам со ла­кти. Мо­же­би е та­ка по­до­бро.

Dime iliev akter (6) (Custom)

Има ра­бо­ти што јас ни­ко­гаш не ги на­у­чив во жи­во­тот, ка­ко на при­мер да се тур­кам со ла­кти. Мо­же­би е та­ка по­до­бро

Да­ли де­нес не­до­сти­га да се жи­вее за те­а­та­рот?

ИЛИЕВ: Има лу­ѓе што ја за­гу­би­ле вол­ја­та, жел­ба­та и по­крај тоа што го на­пра­ви­ле. Ние сме мал па­зар и мно­гу те­шко се из­ле­гу­ва над­вор. Ако ед­на прет­ста­ва не оти­де на не­кој фе­сти­вал, не ја ви­ди дру­га пуб­ли­ка, за два-три ме­се­ца се за­бо­ра­ва. Кој ја ви­дел, ја ви­дел. До­а­ѓа но­ва уло­га, но­ва прет­ста­ва. Во не­кое дру­го вре­ме се па­ту­ва­ше мно­гу по­ве­ќе, Во Ка­ра­каз, во САД, Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја… Не е сѐ до нас. По­ра­но имав­ме и по де­сет пре­ми­е­ри за си­те во­зра­сти.

Што би им пре­по­ра­ча­ле на мла­ди­те ко­ле­ги?

ИЛИЕВ: Драм­ски­от те­а­тар бил поз­нат по тоа што отсе­ко­гаш сме уче­ле од по­во­зрас­ни­те. Се­ко­гаш по­во­зрас­ни­те ко­ле­ги нѐ при­фа­ќа­ле. Јас го знам тоа, и та­ка ра­бо­там, та­ка дејс­тву­вам. Ги при­фа­ќам мла­ди­те и са­кам да им по­мог­нам. Мно­гу е ре­тко тоа не­кој со две-три прет­ста­ви да ста­не ѕвез­да. Мис­лам де­ка тре­ба да ра­бо­тат и да не се сра­мат и од ма­ли уло­ги, да не се сра­мат од што би­ло. Важ­но е да ра­бо­тат. Со искус­тво­то ќе ви­дат што е до­бро, што е ло­шо. И се­га има прет­ста­ви што, мо­же­би, не ни се до­па­ѓа­ат, што мо­ра да ги игра­ме, но има и прет­ста­ви што мно­гу са­ка­ме да ги игра­ме. Пре­ку ра­бо­та­та, си­те ги гле­да­ат акте­ри­те. Не са­мо те­а­тар­ски ре­жи­се­ри, ту­ку и филм­ски, те­ле­ви­зи­ски ре­жи­се­ри, до­а­ѓа­ат про­ду­цент­ски ку­ќи. Су­е­та­та из­би­ва, но не­ка не гу­бат на­деж. Се­то тоа што е та­лен­ти­ра­но и на­да­ре­но ќе из­ле­зе на по­вр­ши­на. Мо­же­би тре­ба мал­ку да се при­че­ка. Има и та­кви што со соп­ки, со кра­де­ње, са­ка­ат да те спу­штат до­лу. Но, ни­кој не мо­же да ти го укра­де та­лен­тот. Не­ка не се учат на ло­ши ра­бо­ти. За жал, има и та­кви. Но, со нив ни­кој не са­ка да ра­бо­ти.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top