До Основното јавно обвинителство Скопје од страна на Министерството за внатрешни работи е поднесена кривична пријава против лицето Г.В. за кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193, а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот Законик.
Надлежниот обвинител ги презема законските активности и мерки постапувајќи по кривичната пријава.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до Основното Јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Како што денеска на прес-конференција информира помошник-министерот за внатрешни работи Иво Котевски, лицето во текот на ноември 2014 година, преку неговиот лаптоп компјутер набавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис и ја зачувал на локалниот диск на неговиот компјутерот.
На 22 јануари годинава, постапувајќи по наредба за претрес на дом и други простории издадена од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во домот на неговиот татко при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело или преку кои што е сторено делото и тоа преносен лаптоп компјутер марка „ДЕЛЛ“. Со цел да се утврди содржината на мемориските медиуми, подвлече Котевски, издадена е наредба од Јавен обвинител од Основно Јавно обвинителство -Скопје за анализа.
– По извршената анализа на одземениот лаптоп компјутер пронајдени се две видеа, како и 16 фотографии со содржина од детска порнографија. Едно од видеата е преземено на 14.11.2014 година при меѓусебна скајп комуникација со скајп профил кој користел ИП адреса со локација во Софија, Бугарија, а како примач е скајп профилот на пријавениот со профил „горан.верушевски“ кој во тој момент користел ИП адреса со локација во Солун, Грција, за време на неговиот престој во Грција каде е на студии, појасни Котевски.
Пријавениот се товари дека го сторил кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, но во моментот лицето не е достапно на органите на прогонот, а МВР, рече Котевски, ќе преземе мерки за негово обезбедување, како и размена на информации со МВР на Бугарија и Интерпол за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


