| четврток, 6 декември 2018 |

Венецуелската војска собори авион со дрога

venecuela

Венецуелската војска соопшти денеска дека над карипското Море, во близина на островот Аруба, соборила цивилен авион кој пренесувал дрога откако одбил да се приземји.

Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино изјави дека авионот, кој вчера влегол во воздушниот простор на Венецуела без дозвола, не одговорил на повикот веднаш да се приземји.

Авионот е регистриран во САД, а 400 пакети дрога, главно кокаин, пронајдени се покрај трупот на авионот, како и човечки тела, соопштија властите на Аруба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top