| четврток, 6 декември 2018 |

Серена 19

Серена Вилијамс ја освои 19-та гранслем титула со 16-та победа во серија против Марија Шарапова. Во финалето на Австралија опен во Мелбурн, Вилијамс беше сигурна и со 2-0 во сетови ја победи големата ривалка на тениските терени.

Првиот сет и припадна на Американката со 6-3 во гемови, а главно оружје на новата шампионка во Мелбурн и беше моќниот сервис. Со вкупно 18 директни поени од сервис, Вилијамс ја растури играта на противничката и стана втората најтрофејна тенисерка на сите времиња, кога се во прашање гранслем трофеите.

Tennis Australian Open 2015

Пред неа сега е само Штефи Граф со 22 титули.

Утре ќе се игра машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top