Шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, денеска упати предупредување кон новата грчка левичарска Влада на премиерот Алексис Ципрас заради непочитување на спогодбите меѓу Атина и нејзините европски партнери, пренесоа француските медиуми.
– Да се игнорираат спогодбите не е добриот пат по кој земјата треба да тргне, посочи Дејселблум по средбата со новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис.
Грчкиот министер, пак, повтори дека Грција сака „да води дијалог“ со Европа, но не и со „нестабилната комисија на тројката“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


