Македонскиот женски ракометен шампион и трет тим во Европа, ЖРК Вардар, вечерва по пауза од повеќе од два месеци ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. Вечерашниот натпревар е во Германија против вицешампионот на оваа земја, Лајпциг, кој пренесува четири бода од првата групна фаза.
Во новоформираната група 1, вардарки продолжуваат со три бода освоени по првиот круг натпреварување.
Освен двете екипи со кои играше Вардар во есенскиот дел од сезоната, Будуќност и Турингер, во групата 1 се уште денешниот противник Лајпциг, Динамо Волгоград и Крим Љубљана.
Вардарки ги очекува тежок натпревар и ова е еден од клучните мечеви за пласман на едно од првите четири места кои водат во четврт-финалето.
Натпреварот се игра во 19.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


