
Без резултат мина и второто гласање за претседател на Италија, спроведено денеска во италијанскиот Парламент, пренесе ТАСС.
Како и при вчерашното гласање, повеќето пратеници предадоа празни ливчиња. Во првото и второто гласање, одржани вчера и денеска, ниту еден од кандидатите не успеа да добе најмалку 673 гласови, колку што се потребни за победа.
Според италијанскиот Устав, претседателот на државата го избираат 1.009 народни претставници. Нив ги сочинуваат сите членови на двата дома на Парламентот во Рим, како и избрани претставници од 58-те италијански региони.
Тие гласаат во три изборни круга во кои е потребно двотретинско мнозинство за избор на претседател. Доколку по трите гласања, ниту еден кандидат не обезбеди такво мнозинство, се одржува и четврти круг, кога за победа е потребно просто мнозинство или 505 гласа.
Ренци засега со сигурност може да смета на 400 гласа, па во серијата преговори со партиите во Парламентот се обидува да обезбеди барем уште 105 гласови, за да може уставниот судија Серџо Матарела да стане нов претседател на Италија.
Следниот круг е денеска попладне и најверојатно ниту тогаш нема да биде избран претседател.
Против кандидатурата на Матерал се конзервативците, предводени од поранешниот премиер Силвио Берлускони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале


