Продолжи судскиот процес за случајот со убиството на матурантот Ангел Петковски. На денешното рочиште свои изјави дадоа дел од сведоците предложени од обвинителството.
Адвокатот на одбраната, Ангел Ѓеоргиев, му укажа на судот дека обвинетиот Насер Ештрефи има сериозни здравствени проблеми, односно перцептивна редукција на видот на левото око со силни главоболки, кои тврди дека ги констатирал и затворскиот лекар и побара дозвола на обвинетиот да му биде извршен детален преглед на скопската Клиника, со цел се спречат поголеми здравствени нарушувања.
Сослушувањето на сведоците се уште трае, а подоцна ќе биде закажан нов термин за судско рочиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одложено судењето за 27 април
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сведок ги препозна двајцата напаѓачи на судењето за убиството на Саздовски
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа