Новак Ѓоковиќ го доби јубилејниот 20. меч против Станислас Вавринка и ќе игра за петта титула во Мелбурн во финалето на Отвореното првенство на Австралија против Енди Мареј.
Повторно двајцата големи асови играа пет сета, но овојпат немаше толкава неизвесност во решавачкиот сет како во 2013 година и лани, кога мечот се одлучуваше на разлика. Овојпат Новак беше супериорен во последниот сет, го доби со 6-0 и ја прослави 17-та победа во меѓусебните дуели со Вавринка.
Во финалето противник ќе му биде Енди Мареј, тенисер што ја чека првата титула на ОП на Австралија. Ѓоковиќ е како дома во Мелбурн, има 4 трофеи од вкупно 7 гранслем-турнири.
Вавринка се прости од титулата на достоинствен начин и одигра сосема солидно во полуфиналето против Ѓоковиќ. Сепак, му останува само трофејот од лани освоен на ОП на Австралија, како единствен гранслем на кој славел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.