| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија ги бара мотивите за упадот во телевизија

29012015220207_holandijaПолицијата ги истражува мотивите на 19-годишниот студент, кој синоќа, вооружен со лажен пиштол, упадна во холандската национална телевизија и побара да зборува во етер.
Властите не го откриваат идентитетот на напаѓачот, кој е во притвор. Но холандските медиму соопштија дека станува збор за Тарик З., студент на техничкиот факултет во Делфт.
На снимка беше покажано како тој се движи во студиото на телевизијата држејќи пиштол со придушувач.
Нема податоци дека случајот е поврзан со исламски тероризам. Според министерот за правда и за безбедносни прашања Иво Остелтен, првичната истрага покажала дека тој дејствувал сам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top